Shipping Policy
Shipping Policy
Полар се обврзува да обезбеди сигурна, брза и транспарентна испорака на сите производи на своите клиенти. Со поставување на нарачка преку веб-страницата, Вие се согласувате со условите наведени во оваа Политика на испорака.
- Општо
1.1. Полар обезбедува испорака на производи, во согласност со условите наведени подолу. Испораката се врши преку овластени и проверени курирски служби.
1.2. Времетраењето на испораката може да варира во зависност од:
- Локацијата на корисникот;
- Видот и тежината на производот;
- Потенцијални непредвидени околности, како празници, временски услови или застои во курирската служба.
1.3. Полар се обидува да ги испорача производите во најкраток можен рок, но не гарантира точни датуми на испорака. Сите наведени рокови се информативни и не претставуваат правно обврзувачки термин.
- Процес на испорака
2.1. Секоја нарачка се обработува по потѕврда на плаќањето и проверка на достапноста на производот.
2.2. Испораката се врши преку овластени курирски служби кои обезбедуваат следење на пратката и безбедно доставување до адресата наведена од страна на клиентот.
2.3. Откако нарачката ќе биде предадена на курирската служба, корисникот ќе добие известување со информации за следење на пратката, за да може да го следи статусот на испораката.
2.4. Полар не е одговорен за било какви задоцнувања или проблеми што произлегуваат од курирската служба, вклучително од причини надвор од нашата контрола (како штрајкови, застои, природни непогоди или царински процедури).
- Трошоци за испорака
3.1. Сите трошоци за достава се јасно прикажани пред финализирање на нарачката.
3.2. Полар не е одговорен за дополнителни трошоци кои можат да ги наплати курирската служба или увозните и царинските органи, вклучително царински давачки, увозни такси, локални даноци или фруги слични надоместоци.
3.3. Сите дополнителни такси или давачки, ако ги има, се обврска на корисникот, освен ако не е поинаку договорено во писмена форма со Полар.
- Враќање и замена на производи
4.1. За враќање или замена на производ, корисникот е должен да контактира со Полар во рок од три (3) работни дена од денот на приемот на производот.
4.2. Производите кои се враќаат мора да ги исполнуваат следните услови:
- Да бидат неискористени;
- Да бидат комплетни, со сите додатоци и упатства
- Да се во оригинална амбалажа.
Полар го задржува правото да одбие враќање или замена на производи кои не ги исполнуваат овие услови.
4.3. Трошоците за враќање или повторна испорака можат да бидат на товар на корисникот, освен ако не е поинаку договорено со Полар во писмена форма.
4.4. По приемот и проверката на производот, Полар ќе ја изврши повратната уплата на средствата или ќе изврши замена на производот во најкраток можен рок.
- Завршни одредби
5.1. Со поставување на нарачка, корисникот се согласува со оваа Политика на испорака и прифаќа дека Полар не е одговорен за настанати загуби или непријатности поради задоцнување на испораката, освен ако не е резултат на намерана или груба небрежност од страна на Полар.
5.2. Полар го задржува правото да ја измени или ажурира оваа Политика на испорака во секое време, без претходно известување. Корисниците се охрабруваат редовно да ја проверуваат оваа страница за нови информации.
5.3. Оваа Политика на испорака е регулирана и толкувана во согласност со законите на РС Македонија.