ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ                                                                       

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страна. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб сајтот www.polar.com.mk Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страната. Објавите во политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе го посетувате нашиот веб сајт со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на овој веб сајт е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Забелешка: долунаведените објави во оваа политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за овој веб сајт. Доколку се поврзувате со други веб сајтови, потребно е да ги разгледате и прочитате политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е  Друштво за производство, трговија и услуги   ПОЛАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. 9ти Мај бр.18/2, Скопје – Центар, Република Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Видови на податоци кои ги собираме и обработуваме и целите за обработка

Личните податоци доброволно поднесени од нашите посетители при правење на нарачка: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да Ве додадеме на нашата мејлинг листа.

Личните податоци кои ги оставате од Вашите пријатели при нарачување производи кои сакате да им ги доставите како подарок, се употребуваат исклучиво со цел да се достави нарачката до крајниот примател. При тоа, личните податоци на нарачателот се заштитени и не ги издаваме на трети лица без негова претходна согласност за тоа.
Личните податоци кои ги оставате при регистрација на нашата веб страница име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да Ви се овозможи електронско нарачување на Вашите омилени производи, како и добивање на промотивни материјали – билтен на вашата е-адреса каде што ќе бидете информирани за нашите акции и промоции. Во секое време може да ја деактивирате оваа можност.

Личните податоци поднесени во нашата контакт форма: име, презиме и е-адреса со цел да комуницирате со нас за одредено прашање, се користат за да Ви одговориме на Вашите прашања/барања/коментари и со тоа да го подобриме корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница.

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Податоците кои ги собираме за нашите посетители како:

  • времетраењето на посетата,
    видот на уредот што се користи,
    • видот на прелистувачот што се користи,
    • видот на оперативен систем,
    • веб страниците кои се прегледани,
    • Вашата IP адреса ,
    • јазикот што се користи,
    • термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страница,
    • географската локација и др.

се собираат анонимно со користење на технологија на колачиња (cookies). Посетете ја нашата политика за колачиња за да дознаете повеќе информации за тоа каков тип на колачиња користиме и како да ги подесите колачињата во Вашиот пребарувач.
Активностите за обработка на личните податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страницата https://www.polar.com.mk/ се извршуваат од страна на вработените кои се одговорни за овие активности.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали и тоа:
• преку Вашето користење на нашата веб страница,
• при регистрација на нашата веб страница,
• при креирање профил и правење нарачка,
• со аплицирање за книга-подарок,
• со користење на нашата контакт форма,
• со оставање коментар на нашите производи,
• преку нашата е-адреса за контакт:  info@polar.com.mk   ,
• пошта.

Колку време ги чуваме собраните податоци

Серверските логови секој ден се зипуваат и се чуваат 365 дена, при што секој ден се брише најстариот лог. Нашата страница е поставена на серверите на tabcloud и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страница.Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права врз личните податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор

 

 

Ако сметате дека начинот на кој https://www.polar.com.mk/ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надзорно тело, по кое се постапува во согласност со член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта: info@polar.com.mk

На Ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од Вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на веб сајтот https://www.polar.com.mk/. Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

Вашите лични податоци се чуваат додека Вашиот профил е активен. Но, деактивирањето на Вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминати дејствија. Не можеме да ги избришеме податоците поврзани со онлајн купувања на веб страницата поради финансиски извештаи, евенутален случај на спор, статистички извештаи за продажбите.

 

УПОТРЕБА НА ВЕБ САЈТОТ ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. https://www.polar.com.mk/никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

ЗАШТИТА НА ВАШАТА СМЕТКА

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата  лозинка никому. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап. Користиме HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.

КОЛАЧИЊА/ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа страница користи колачиња за да Ви обезбеди подобро корисничко искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или уред што го користите при посета на веб страницата. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Користиме неопходни колачиња (necessary cookies), статистички колачиња и останати. Колачињата и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, вид на уред што се користи, следење на број на посетители на веб сајтот и употреба на веб сајтот од страна на посетителите. Колачињата придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку колачиња. Повеќе детали за тоа какви колачиња применува https://www.polar.com.mk/ може да прочитате во нашата политика за колачиња.

ДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ

Само врз законска основа, Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

Дозвола побарана со Закон;

Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;

Истрага на измама која веќе се случила.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци тие ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена: Февруари, 2022 година