
Сигурносните врати “Полар” се бренд на фирмата “Полар интернационал”.
Фирмата “Полар интернационал” е формирана во 2008 година, како сестра фирма на “Полар дооел”, која постои од 1991 година, со цел да се специјализира во продажбата на врати и да обезбеди максимално преофесионална услуга во тој сектор. Фирмата “Полар Интернационал”, пак е дел од групацијата на фирми “ООЗТ”. Групација која е единствена на нашиот пазар по она што може да го понуди од областа на домување.
Фирмата “Полар Интернационал” е присутна постојано на скопскиот саем за мебел и градежништво како и на неколку интернационални саеми во нашето пошироко опкружување. Фирмата “Полар Интернационал” е ексклузивен дистрибутер на вратите “Полар” во Македонија, Косово,Јужна Србија,Црна Гора и во Русија.
На територијата на Македонија застапени во повекје градови, како: Скопје, Куманово, Прилеп, Кочани, Битола, Охрид и Штип.
