ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

 Што се колачиња (cookies)?

Оваа страница користи колачиња за да Ви обезбеди подобро корисничко искуство.
Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или уред што го користите при посета на веб страницата. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач и да Ви овозможиме персонализиран пристап според Вашите преференции (избор на јазик, како да ви се прикажува страницата). Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но, не можат да читаат Ваши податоци или информации од Вашиот хард диск или пак да читаат зачувани датотеки за колачиња од други веб страници.

Кога прв пат ќе пристапите на нашата веб страница https://www.polar.com.mk/, ќе Ви се прикаже прозорец со известување дека користиме колачиња. Имате опција да кликнете „се согласувам“ , при што изјавувате дека ја разбирате и прифаќате нашата политика за колачиња. Доколку изберете дел од понудените колачиња, некои функционалности на оваа веб страница можеби нема да работат правилно и нема да Ви се обезбеди персонализирано корисничко искуство.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

Колачињата  ги користиме за подобро разбирање на користењето на веб страницата од страна на посетителите, а со тоа да овозможиме персонализирано корисничко искуство. Колачињата кои се поставени од веб страницата https://www.polar.com.mk/ се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети страни”.  Кога ја посетувате нашата веб страница користиме услуга на трета страна, Google Analytics,  да собереме стандардни информации за: времетраењето на посетата, видот на уредот што се користи, каков прелистувач се користи, веб страниците кои се прегледани и др. Колачињата од трети страни не откриваат лични податоци на посетителите, односно идентитетот на посетителот не се дознава. Друштво за производство, трговија и услуги ПОЛАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ   нема контрола врз колачињата од трети страни и како истите ќе бидат искористени.

Видот на колачиња (cookies) што ги користиме

За да ги овозможиме основните функции на работењето на нашата веб продавница, – https://www.polar.com.mk/, како зачувување на производи во кошничката, избор на јазик и др. користиме неопходни колачиња (necessary cookies).  Без овие колачиња веб страницата не може да работи исправно. Исто така, за да добиеме Ваша согласност (податок за прифаќање/ неприфаќање) на политиката за користење на колачињата, користиме неопходни колачиња.

Статистичките колачиња (Statistical cookies)  ни овозможуваат преку анонимно собирање на информации  да дознаеме за: времетраењето на посетата, веб страниците кои се прегледани, географската локација (држава/град), видот на прелистувачот кој се користи, видот на уредот кој што се користи,  изворот од каде е пристапено на веб страницата и др. Овие информации се користат со цел создавање на статистички извештаи кои што ќе ни овозможат да го разбереме корисничкото однесување и да понудиме подобрени функционалности на нашата веб страница. Овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашата веб страница.

Колачињата кои ги поставува https://www.polar.com.mk/ се во наша надлежност. Колачиња поставени од трети страни, не се во наша надлежност и Ве советуваме за да ги прочитате нивните политики за приватност за подобра Ваша информираност и сигурност.

Како да ги контролирате /бришете колачињата (cookies)

При посета на нашата веб страница https://www.polar.com.mk/, во долниот дел Ви се покажува поп ап прозорче кое Ве информира за видовите колачиња што ги користиме. Имате опција да се согласите со сите колачиња што ги користиме, или пак да изберете кои колачиња ги дозволувате. Доколку пак продолжите со работа на нашата веб страница без да кликнете на копчињата за согласност, вие изјавувате дека наполно се согласувате со нашата политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата. Прифаќањето на колачињата не е неопходно за работата на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате, овие колачиња можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страница можеби нема да бидат овозможени, односно нема да работат исправно или нема да работат воопшто.

Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер/уред и можете да ги подесите Вашите пребарувачи за нивно спречување.  Доколку го сторите тоа, секој пат при посета на нашата веб страница ќе треба рачно да ги прилагодувате преференциите, при што можно е да не работат некои функционалности на оваа веб страница. Повеќе информации за подесувањата на Вашите прелистувачи можете да видите на следниве линкови:

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб страница се сложувате со одредбите од политиката за Заштита на личните податоци на веб страницата https://www.polar.com.mk/ . Политиката за колачиња и за Заштита на личните податоци може да се менуваат повремено. Ви препорачуваме при секоја посета на веб сајтот да ги погледнете објавените измени од овие политики.